Николиќ до Левен: Србија никогаш нема да го признае Косово, ниту ќе воведе санкции кон Русија

Од:

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ на денешната средба со премиерот на Шведска, Стефан Левен истакна дека Поглавјето 35 може да биде препрека за влез во Еу доколку подразбира признавање на Косово. Тој нагласи дек Белград разговара со Приштина само поради подобар живот на граѓаните, но никогаш нема да ја принае независноста на Косово.

-Јас иницирав разговор со Приштина на највисоко ниво, но сето она што е договорено, посебно формирањето на Заедницата на српски општини, Косово не сака да го примени. За тоа очигледно ја има поддршката на Запад. Србија е мала земја во која живее голем народ, кој има своја држава, истрорија, традиција, култура и јазик. Не е можно да се откажете од илјадагодиѓна историја, рече Николиќ.

Тој кажа и дека за Србија е неприфатливо да воведе санкции кон Русија,не само поради историското пријателство туку и поради компатибилноста на економијата и огромниот пазар кој е на располагање.