На периферијата на Белград запленето големо количество оружје

Од:

При претрес на возила на приодите кон Белград, полициските службеници пронашле и заплениле поголемо количество палки, ножеви, боксирачи, солзавец, тајзери и други видови оружје.

Според неофицијални информации, оружје е пронајдено кај поддржувачи на опозицијата кои тргнале на протест во Белград.

Како што претходно објавија српските медиуми, група екстремистички членови, која во изминатиот период наводно е силно финансирана од западните организации, се подготвува да предизвика немири на студентскиот протест закажан за 15 март во Белград.