На границата меѓу Србија и Хрватска прогласена нова „држава“ Либерланд

Од:

На ничија земја на границата меѓу Србија и Хрватска е прогласена најмалата независна суверена држава на Балканот – Либерланд, основана од страна на Чехиот Виt Једличкa, кој е и нејзин претседател, објавија денеска војводинските медиуми.

Једличкa ги повика сите кои го почитуваат начелото „живеј и остави ги другите да живеат“, а кои не се екстремистим да се доселат во неговата „држава“ со површина од седум квадратни километри.

Тој тврди дека „државата“ е прогласена во согласност со меѓународното право, затоа што е основана на ничија земја која во рамки на разграничувањето не ја барала ниту Србија, ниту Хрватска.

Целта на основачот на Либерланд е на бреговите на Дунав меѓу Бачки Моноштор и Змајевац да создаде „општество во кое може да просперираат чесните луѓе, при што државата нема да им го загрозува животот со непотребни забрани и даноци“.

На службената интернет страница на новата „држава“ пишува и дека една од причините за нејзиното основање се и се полошите услови за живот на луѓето.

Једличкa е член на мала партија на десницата, блиск до поранешниот премиер и претседаел на Чешка, Вацлав Клаус.

Тој изрази надеж дека „независен и суверен Либерланд“ прво ќе го признаат Србија и Хрватска, на кои се подготвува да им испрати дипломатски ноти за тоа, а потоа тоа ќе го сторат и други држави во светот.

Либерланд има знаме, грб, Устав и закони. Либерландско државјанство може да добијат сите кои ќе се заколнат дека не се комунисти, неонацисти или екстремисти, како и да не се злосторници казнети за тешки кривични дела, наведуваат војводинските медиуми.