Мајка и син пронајдени убиени во грчки град

Од:

Син (26) и мајка (54) се пронајдени мртви во куќа во грчкиот град Лонгос, во близина на Егис.

Како што објавија грчките медиуми, сите докази укажуваат на двојно убиство.

Телото на синот е пронајдено на креветот во неговата соба.

Според изворите, младиот човек имал повреди на главата предизвикани од воздушна пушка, како и повеќекратни убодни рани на телото.

Телото на мајката е пронајдено на подот во близина на влезот во собата. Форензичарите утврдиле дека, освен убодните рани, таа жестоко се борела со напаѓачот пред да им подлегне на повредите.

Инспекторите веруваат дека напаѓачот прво го застрелал младиот човек во главата со воздушна пушка, а потоа го избодел неколку пати. Се претпоставува дека неговата мајка ја слушнала бучавата и дошла да види што се случува, по што и самата станала жртва на крвавиот напад.

Италијанец (65), партнер на убиената жена, беше уапсен под сомнение дека е вмешан во злосторството. Тој беше приведен на сослушување и во моментов се води постапка против него како главен осомничен.

Мажот негира каква било вмешаност во убиствата и тврди дека се разбудил и ги нашол жената и нејзиниот син мртви во куќата.

Според него, потоа се јавил во полиција и побарал помош.

За време на претресот на имотот, полицијата пронашла воздушна пушка и нож во саксија за цвеќе во дворот. Оружјето е испратено на вештачење за да се утврди дали е употребено при извршувањето на злосторството.

Истрагата е во тек.