Дваесет и петгодишно момче од Осиек од февруари 2009 до јули 2013 година фалсификувало потписи и оценки за повеќе испити, по што на крај добило и диплома.
Доколку полицијата не го открила, тој непречено би шетал низ светот со универзитетска диплома и академско звање, иако испитите воопшто не ги полагал.
Тој како што наведува полицијата не дал мито никому, туку направил се сам.
Сепак на крај е откриен и според соопштението од полицијата е осомничен за кривични дела завера на невистинита содржина и фалсификување на исправи.
Е. Г.