Кремљ: Путин и Ципрас по телефон разговараа за „Турски поток“

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска разговарале по телефон, соопшти прес-службата на Кремљ, пренесува ТАСС.

Дискутирано било за практични мерки за исполнување на договорот, постигнат за време на неодамнешната работна посета на Ципрас на Русија и планираната изградба на инфраструктура за транспорт на гас на територијата на Турција и Грција, се наведува во соопштението.

Лидерите на двете страни се договориле да се сретнат на меѓународниот економски форум, што ќе се одржи во Санкт Петербург на 18 и 20 јуни.

Путин и Ципрас неодамна ги засилија контактите, а честа тема на разговор е проектот „Турски поток“.