Кралот на Дормео и официјално пропадна – го купија Кинези

Од:

По неодамнешната продажба на брендови, Студио Модерна го продаде и малопродажниот бизнис. Купувач е дилерот на душеци Matratzen Concord од Германија, изјави за Finance основачот и сопственик на Studio Modern Санди Ческо.

Се уште се бараат решенија за останатиот дел од концернот кој има сериозни финансиски проблеми. Деновиве гледаме катанци во продавниците на Дормео во Белград.

Matratzen Concord е во сопственост на кинески бизнисмен кој исто така бил снабдувач на Studio Moderne. Делот што германската компанија сега го купи од Студио Модерна претставува околу четвртина од досегашните приходи.

-Поради руско-украинската војна го загубивме третиот по големина пазар, во Украина ни беше уништен магацинот на стоки, а санкциите имаа уште поголеми последици за бизнисот, поради што моравме да ја затвориме компанијата во Русија, но и да го вратиме целиот долг на ВТБ банка, рече Санди Чешко, креаторот на Дормео, кој во 20 земји во светот правеше половина милијарди евра годишно.

Со ова и официјално пропадна кралот на Дормео. Откако во мај ги продаде брендовите Дормео, Делимано, Ровус и Топ Шоп на швајцарската компанија Дормео на претприемачот Дарко Хорват.