Командата на ХВО издавала дозволи за силување Србинки

Од:

“ЕуроБлиц“ објави документи од 1992 година во време кога регуларните воени единици од Хрватска и ХВО го држеа под контрола селото со претежно српски жители Сијековац, кај Брод, а во кои се гледа дека на припадниците на хрватските војници им се давала дозвола за приведување на четири жени, чии имиња се познати, за сексуално задоволство.

Во поврдите кои ги потпишувал командантот на ХВО во Сијековац, Ахмет Чаушевиќ, помеѓу другото се наведува дека во случај на одбивање на жените да станат сексуални робинки на војниците, дозволена е употреба на сила.

-Жените ќе се приведуваат во вечерните часови, а изутрина ќе се пуштаа во своите домови. Приведените во текот на ноќта ќе бидат сместувани во подрум, се наведува во потврдите.

Коментирајќи ги за “ЕуроБлиц“ овие документи од времето на војната во Босна, министерот за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ изјави дека за него е несфатливо како до сега босанското правосудство не процесуирало ниту еден случај за овие насилства.

e18eabcbcd791d6ee9cdbb2e64e0d016

-Неверојатно е дека налогодавачите и извршителите на овие злосторства досега кривично не одговарале. Не само што јасно се гледаат имињата на злосторниците, туку и конкретната одговорност на секој од нив. Зачуден сум дека обвинителството на БиХ ниту после 24 години нема покренато обвинение против одговорните, вели Мектиќ.

Од обвинителството на БиХ појасниле дека работата на предметот на воени злосторства против жртвите од српска националност во Сијековац, но не дале објаснување дали оствариле соработка со надлежните во Хрватска во врска со процесуирањето на државјаните на таа земја кои учествувале во овие злосторства.