Кајнак: Во Измир бил планиран голем напад

Од:

Турскиот вицепремиер Вејси Кајнак изјави по денешниот напад со автомобил бомба во Измир дека напаѓачите имале за цел многу поголем удар, имајќи ги предвид подготовката, запленетото оружје, бомбите и муницијата, „но не успеале во намерата“, објави Милиет.

Еден полицаец и еден судски службеник се убиени, а седум луѓе – тројца полицајци и четири цивили се ранети во денешниот напад во близина на Судската палата во Измир, изјави градоначалникот на Измир, Ерол Ајалдиз.

Вицепремиерот Кајнак рече дека нападите нема да ја спречат Турција да биде активна во Сирија и Ирак.