Кацин: За добивање датум пресуден дијалогот со Приштина

Од:

За добивање датум за преговори на Србија за членство во ЕУ од пресудна важност е дијалогот Белград и Приштина, како и продолжување на борбата против организираниот криминал, изјави денеска во Белград известувачот на ЕП за Србија Јелко Кацин.

– Од пресудна важност е дијалогот Белград и Приштина, премиерот Ивица Дачиќ доаѓа следната недела во Брисел и се надевам дека и таму ќе расправаме на оваа тема. Ние имаме огромни очекувања во тој петти и шести круг, тоа да биде убедлива порака, а од друга страна и она што сега граѓаните конечно го прифатија и поздравуваат – борбата против криминалот и корупцијата не е работа на зборови, туку таа се докажува со дела, рече Кацин.

Тој петти и шести круг разговори на премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, не е за фотографирање, туку двете страни да покажат дека се посветени на иднината и да го направат она што досега не можеа, додаде Кацин.