Јоханес Хан во посета на Тирана

Од:

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан ќе допатува во дводневна официјална посета на Тирана.

Целта на посетата, според албанските медиуми, се средби со албанскиот државен врв и учество на петтата рунда од дијалогот на високо ниво меѓу ЕУ и Албанија.

Дијалогот на високо ниво околу петте приоритети, кој комесарот Хан ќе го раководи заедно со премиерот Еди Рама, се очекува да ја интензивира работата на Албанија околу неопходните, клучни реформи за идната фаза од процесот за интеграција на земјата во ЕУ.

За време на дводневниот престој во Тирана, Хан ќе се има средби со претседателот Бујар Нишани, претседателот на парламентот Илир Мета, премиерот Рама, лидерот на најголемата опизицска политичка сила, Демократската и актуелен градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша. Предвидени се средби и со претставници од бизнисот и граѓанскиот сектор.

Високиот гостин ќе посети и неколку културни центри во албанската метропола, како и проект финансиран од ЕУ, додека престојот на Тирана ќе го заокружи со зедничка прес конференција со премиерот Рама.