Истанбул во првите шест месеци го посетиле 4,3 милиони туристи

Од:

Истанбул во првите шест месеци од годинава го посетиле повеќе од 4,3 милиони туристи од целиот свет.

Според податоците на Бирото за култура и туризам, во јуни годинава во однос на истиот период лани се забележува зголемување на бројот на туристи за 17 отсто.

Меѓу најбројните туристи кои што го посетиле Истанбул се Германците, потоа Иранците, Русите, гостите од Саудијска Арабија, Ирак, Велика Британија,    Украина, Франција, Америка, Холандија и Кувајт.