И Босанците ќе го градат „Белград на вода“?

Од:

Челниците на стопанските комори на Бих и Србија на состанокот во Сараево истакнаа дека градежништвото, земјоделието, наменската и авто индустрија, се само некои од подрачјата на кои двете држави би можеле да ја подобрат меѓусебната соработка.

-Во тек на состанокот разговаравме на повеќе теми, но се фокусиравме на воспоставување подобра соработка во наведените четири подрачја. Она што конкретно го договоривме е во врска со градежништвото. Задолживме работни групи да ја анализираат состојбата со градежните компании во двете држави за иден заеднички ангажман, пред се за проектот „Белград на вода“, но и за Кувајт, каде што ни е понудено да учествуваме во изградба на станови – истакна по состанокот Немања Васиќ, претседател на ВТК во БиХ.

Според неговите зборови Србија и БиХ треба да соработуваат во повеќе области.

-Сведоци сме дека по влезот на италијанска компанија во крагуевачка Застава, покрај српските интерес покажаа и унгарските компании, поради што со челниците од ПК Србија договоривме да ни помогнат и ние да се вклучиме во работата на оваа компанија, бидејќи БиХ и во авто индустријата има што да покаже, имаме квалитет – нагласи Васиќ.

Е. Г.