Хрватска и Словенија имаат рок до средината на февруари да го решат спорот околу тоа на кого му припаѓа производството на Крањскиот колбас и кој понатаму ќе го произведува.
Доколку и по дадениот рок не се одлучи на кого му припаѓа производството и кој ќе го прекине истото, одлуката ќе ја донесе Брисел – објави „Пословни дневник“.
Словенија бара од Европската комисија заштитено географско потекло за Крањскиот колбас, но Хрватска, чија месна идустрија годишно произведува колбаси во вредност од околу 10,5 милиони евра, смета дека Брисел не би требало да го прифати барањето на Љубљана.