Хрватите повеќе би работеле во „ДМ“ отколку во „Гугл“

Од:

Најатрактивен работодавец во Хрватска, четврта година по ред е компанијата „ДМ дрогери маркет“, додека „Гугл“, која според светските истражувања е најпожелна компанија за вработување, Хрватите не ја ставија меѓу првите десет.

На второ и трето место на најпосакувани работодавци во Хрватска се наоѓа на Индустријата на нафта ИНА и фармацевтската компанија „Плива“, која напредуваше седум места во однос на минатогодишното истражување, пренесува „Вечерњи лист“, повикувајќи се на истражувањето на порталот „МојПосао“.

Меѓу првите десет се наоѓаат и „Т-ХТ“, „Агрокор“, „ХЕП“, „Атлантик груп“, „Загрепска банка“, како и две компании кои минатата година не беа меѓу првите 20 – ИКЕА и „Милер“.

Третина од испитаниците, од над 1.700 граѓани на Хрватска кои учествуваа во анкетата, ја наведоа сигурноста на работа, а не висината на платата, како најважен фактор на атрактивност на некој работодавец, додека 61 отсто од нив, наспроти економската криза, размислуваат за промена на компанијата во која работат.