Холивуд ќе снима филм за Аркан со Роберт де Ниро и Ева Мендес

Од:

Роберт де Ниро ќе биде еден од актерите кои ќе учествуваат во американскиот филм за контраверзниот командант на Српската доброволна гарда, Жељко Ражњатовиќ Аркан.

Де Ниро во филмот кој е насловен “Скокот на тигарот“ ќе го глуми ликот на Слободан Милошевиќ, а Ева Мендес ќе се најде во улогата на сопругата на Аркан, пеачката Цеца Ражњатовиќ.

Филмот се снима по книгата на “Аркан“ на Владимир Ѓорѓевиќ во соработка со американската продукција.

-Овој филм е инспириран од животот на Аркан, но нема веродостојно да биде прикажан. Станува збор за акција која го следи реалниот живот на мафијата и нивните криминални активности, како што своевремено тоа беше направено со “Кум“.

Роберт де Ниро ќе има кратка улога во филмот, во улога на поранешниот претседател Слободан Милошевиќ.

Филмот ќе почне да се снима во февруари следната година, на локации во неколку држави-Србија, Шведска, САД и Црна Гора. Буџетот е 7,5 милиони долари, а целта на филмот е освојување на источниот пазар, посебно Русија но и САД, со оглед дека лошите ликови се таму секогаш популарни, изјави Ѓорѓевиќ.