Хасани: Изборите се единствена уставна алтернатива за Косово

Од:

Поранешниот претседател на Уставниот суд на Косово, Енвер Хасани изјави дека предвремените парламентарни избори се единствена уставна алтернатива, имајќи предвид дека косовскиот претседател Хашим Тачи ја исцрпел можноста за именување нов мандатар за состав на влада.

Според Хасани, Тачи мора да објави датум за одржување избори веднаш по распуштањето на Парламентот.

Тој нагласува дека Тачи веќе не може ниту да ги продолжи консултациите со парламентарните партии, ниту може од владејачката коалиција да побара да одлучува за нов мандатар.