Гувернерот на Народната банка на Србија, Дејан Шошкиќ поднесе оставка .
Како причина за оставката Шошкиќ ги наведе предложените измени и дополни на Законот за Народна банка , со кои според него значително ќе се наруши независноста на централната банка, а отвораат и можности за стручна деградација и носењето одлуки во самата банка , со коишто би била поттикната економска и финансиска нестабилност во државата.
Тој објаснува дека со оставката сака да спречи политичкото изнудување за промени во врвот на независните институции како што е централната банка, да бидат единствена причина за усвојување лош закон со можни сериозни последици на финансиската стабилност и кредибилитетот на државата.
Шошкиќ со шестгодишен мандат за гувернер беше избран во српскиот парламент во јули 2010 година, а на тоа место дојде, како непартиска личност и професор на белградскиот универзитет.