Големо невреме ги зафати Мостар, Сплит и Ријека

Од:

Синоќа ударот на циклонот на брегот на Јадранот предизвика голем број на проблеми, ширум Хрватска и Босна и Херцеговина.

Во Ријека вчера падна најмногу дожд на светот, во Сплит се откажуваа слетувања на авионите.

Синоќа во Мостар околу 21 часот и 30 минути започнало невреме пропратено со врнежи од дожд и електронски празнења.

Ријека вчера било најдождливото подрачје во светот со 249,5 литри на метар квадратен.

На подрачјето на Истра вчера се забележани повеќе пијавици, некои од нив на отворено море кај Новиград и Ровињ.