Голем пожар избувна денес во шумската област на градот Ливари во близина на одморалиштето Вурвуру во Ситонија. Голем број пожарникари се вклучени во гаснењето на пожарот, а жителите и туристите добија итни пораки со кои се повикуваат да се евакуираат.
65 пожарникари со 20 возила и два пешадиски тима се на местото на настанот. Колку е голем пожарот, сведочи фактот дека осум авиони и еден хеликоптер помагаат од воздух.
„Пожарот е огромен, а шумата е густа“, изјави градоначалникот на Ситонија, Јоанис Малинис, за Voria.gr.
Пред неколку моменти, беше испратена порака преку бројот 112, во која сите што се во близина се поканети да се оддалечат кон местото Никити, а патот кај Ормос Панагиас кон местото Вурвуру е исто така затворен.
Во близина на пожарот има викендички и постои голема загриженост кај жителите и туристите во областа.