Го уби мажот на спиење, па го викна љубовникот да се ослободат од телото

Од:

Жената М.П.(45) и нејзиниот осомничен љубовник П.Г. (33) се уапсени под сомнение дека го фрлиле телото на нејзиниот сопруг Д.П.(60), кого го убила додека спиел.

Полицијата во Стара Пазова уапси жена и маж откако телото на Д.П. беше пронајдено покрај полскиот пат.

– Се сомнева дека М.П. во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 јули оваа година, во Стара Пазова, го убила својот сопруг додека спиел, со рачка од секира. Еден ден подоцна, во ноќта помеѓу 18 и 19 јули, таа го повикала својот љубовник П.Г. да се ослободат заедно од телото. Го однеле телото на полскиот пат и го оставиле таму, а секирата ја фрлиле во блиското поле со пченка – изјавил извор на српски Информер“ запознаен со случајот.

Како што објаснил, телото било пронајдено завчера и полицијата веднаш започнала истрага.

Истрагата доведе до сопругата на убиениот и нејзиниот љубовник. Патем, убиениот подолго време трпел физичко и психичко насилство од сопругата, но никој не знае дали го пријавил тоа во полиција. Тој бил пензиониран, а таа наводно му зела сè што можела. На крајот, го убила… – вели изворот.

Полицијата потврди дека е пронајдена секирата со која е убиен несреќниот човек.

Предметите со траги од крв биле фрлени во нива со пченка, недалеку од куќата на убиениот. По апсењето, осомничените се задржани до 48 часа, по што ќе бидат изведени во надлежното обвинителство со кривична пријава“, соопшти вчера полицијата.