Георгиев: Ќе обезбедиме коридор низ Бугарија за авионот на Путин до Будимпешта

Од:

Шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев, изјави дека Бугарија е подготвена, доколку е потребно, да обезбеди воздушен коридор за авионот на рускиот претседател Владимир Путин на пат кон Будимпешта, за средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

-Кога се прават напори за постигнување мир, логично е да се обезбедат сите потребни услови за постигнување на таа цел, рече Георгиев, одговарајќи на прашања од Бугарското национално радио.

На прашањето дали Бугарија ќе обезбеди воздушен коридор за авионот на Путин, тој праша „како може да се одржи состанок ако еден од неговите учесници не може да присуствува на него“.

На 16 октомври, по телефонскиот разговор со Путин, Трамп објави дека се договориле наскоро да се сретнат во Будимпешта, а тоа беше потврдено и од Москва.

Би можело да ве интересира

Георгиев: Извештајот на ЕП за напредокот на Македонија нема меѓународно правно обврзувачка природа

А1он

ВИДЕО: За Македонија нема „план Б“, да ја спроведе преговарачката рамка – порака од Бугарија

Катерина Ѓуровски

Уставните измени сe прв, но не и единствен услов за преговори на Македонија со ЕУ, порача бугарскиот министер за надворешни

Можна средба Муцунски – Георгиев на маргините на Безбедносната конференција во Минхен