ФОТО: Во центарот на Јагодина стои билборд на Путин

Од:

Срба Јосијевиќ од Јагодина, на својата продавница поставил билборд со лик на рускиот претседател, Владимир Путин.

Билбордот кој што се наоѓа во центарот на градот, стана интересен за граѓаните, па тие често доаѓаат да се фотографираат тука.

-Сакав да искажам почит за најголемиот светски државник, Путин. Тој им покажа на сите како се сака својот народ и држава. Сите политичари и државници треба да гледаат од него. Русија направи многу за нас. Немав намера да предизвикам емоции кај луѓето, но тие масовно доаѓаат и се фотографираат-вели Јосијевиќ. Тој додава дека граѓаните сега бараат да постави скулптура на Путин во природна големина, за да може да се фотографираат со него.

-Ќе видам што ќе направам, но планирам на друг билборд да поставам уште еден голем државник, но се уште нема да откријам за кого се работи-нагласи Јосијевиќ.

10443706_10203980023886860_9395320_n

Е.Г.