ФОТО: Уловена пирана во Морава!

Од:

Двајца австриски рибари во реката Морава во Долна Австрија уловија една од најопасните слатководни риби – пирана!.

Рибарите Вернер Ребенштајнер и Манфред Бис редовно ловат на Морава, а јадицата овој пат ја загриза опасната и предаторска риба која живее во водите на Амазон во Јужна Америка.

-Пирана, тоа е нешто невидено! Ја фотографирав и сигурен сум дека е пирана, изјави рибарот за австриските медиуми.

Според експертите, рибата навистина е пирана. Има голема глава, црвен стомак и сребрен грб.

Ихтиологот Даниел Абед – Наванди смета дека пираната се нашла во Морава откако некој ја пуштил од својот аквариум откако пораснала.

Тој додаде дека граѓаните нема зошто да се плашат:

-Морава за месец – два ќе стане ладна и овие риби нема да може да преживеат.

Научниците утврдиле дека на пираните за да преживеат им е неопходна температура на водата од минимун 11 степени.