(ФОТО) Српски експерт: Повторно ќе има поплави

Од:

„Доколку пред 24 години, ги послушавме Обединетите нации, сега ќе немаше катастрофа“ – вели Младен Ќуриќ, редовен професор од Институтот за метеорологија на Физичкиот факултет во Белград.

Во моментот кога циколонот Тамара донесе обилни дождови над Србија, овој експерт чија што специјалност е физика на облаците кои доведуваат до формирање дождови, знаеше дека Србија ќе ја плати сметката за немарност, која што ја покажала во далечната 1990 година.

10432397_10203955625356912_1552102252_n

-Таа 1990 година, ОН на сите свои членки им ги соопштија резултатите од триесетгодишното истражување кое го опфаќа периодот од 1960 до 1990 година. Во извештајот тие предупредија дека најголема опасност по животите и имотот на луѓето претставуваат атмосферските непогоди, од кои дури 90 проценти им припаѓаат на циклони, торнада, урагани, силни ветрови, поплави, топлотни бранови, а само десет проценти на земјотреси и вулкани- вели професорот за српски „Телеграф“.

Тој додава дека ОН во тоа време ги советувале државите членки да направат проекти во кои експерти би ги изучувале елементарните непогоди, кои се случувале и блгодарение на сознанијата до кои би дошле, би можеле да ги најават.

10425534_10203955625276910_248215999_n

-Кај нас во тоа време никој тоа не го сфати сериозно – раскажува Ќуриќ и објаснува како тој тогаш го предложил проект до Сојузниот Хидрометеоролошки завод, кој не само што не е прифатен, туку и потоа никој не направил сличен проект. Овие денови како што вели професорот, Србија ја плати сметката што не ги послушале ОН. -Се ова што ни се случи не е грешка на сегашните хидрометеоролози, бидејќи тие не можат да предвидат како циклоните ќе се движат и колкава количина дожд ќе однесат. Тие истражувања се работат доста долго, минимум пет до шест години. Сега доколку одлучиме да ја поправиме грешката од минатото, тој проект би можел да биде готов дури во 2020 година, вели тој. Според зборовите на српскиот професор потребно е да се анализира секое невреме кое ќе се случи во државата. Тука би се анлизирале и штетите кои што се направени, па со одредени научни методи би можело да се предвиди кога и во колкави размери би била следната непогода. Инаку прогнозите на Ќуриќ за наредниот период не се оптимистички. -Не очекуваат сигурно уште вакви непогоди. Европа е климатско подрачје кое што е слично на нашето. Зошто нешто би се случувало во Полска, а не кај нас? Атмосферата е флуидна средина и не може точно да се предвиди кога ќе се случи нешто, но апсолутно е сигурно, дека непогоди од овие размери може да се повторат. Ова лето може да се повтори непогода слична на онаа која што ја преживеавме. Тоа не би требало да се случи, бидејќи според статистичките податоци, не се случува така често, но во теорија е можно, смета професорот.

10388298_10203955625316911_1005102364_n

Како илустрација на оваа теза тој го наведува примерот со Италија која во 2011 година ја зафатија елементарни непогоди. Како што вели тогаш во северниот дел во државата, падна два до три пати повеќе дожд отколку сега во Србија.

-Но тие беа подготвени и не беше толку трагично како кај нас. Италијанците работеа и се подготвуваа за такви опасности. На пример, не градеа куќи во близина на реки- заклучува Ќуриќ.

Е.Г.