(ФОТО) Кај Брач откриена населба под вода?

Од:

Јадранските води станаа побогати за уште еден подводен локалитет, кој што го доби името „Сплитска Атлантида“. Нуркачи од Подводно истражувачкиот клуб Морнар од Сплит, во каналот кај Брач, на длабочина од околу 20 метри пронашле камена „улица“, широка седум метри, а долга околу еден километар.

Станува збор за пат, поплочен со камен, чиј изглед наведува до заклучок дека е направен од човечка рака, а не дека е дело на природата.

Деновиве подводни археолози од Конзерваторискиот завод на Министерството за култура треба да утврдат дали се работи за неверојатно археолошко пронаоѓалиште или за игра на природните сили. -Легендата за подводната улица постои веќе десет години. Уште тогаш нуркачот Јерко Хржиќ во тек на своите истражувања откри нешто што наликува на пат. Не придававме големо значење, бидејќи локацијата е одалечена од двата брега и не е во зоната за нуркање- вели Иван Бронзовиќ од Подводниот истражувачки клуб Морнар.

10529536_10204226894058460_403871524_n

10524872_10204226893858455_971170936_n

Е. Г.