Една од најпожртвуваните групи волонтери која спасува напуштени животни во Обреновац, пристигна од Германија, а нејзините припадници се членови на организацијата „Tierrettung Rhein Neckar”.
Овие лица се уште се наоѓаат во поплавените подрачја и постојано евакуираат загрозени животни. Иван Курајов од организацијата „Животни“ од Панчево, кој што е најзаслужен за престојот на германските волонтери, вели дека по поплавите се јавиле многубројни организации ширум Европа, кои што се понудиле да им помогнат на настраданите.
-Секој се снаоѓа како што знае и различни луѓе дојдоа со групи волонтери од многу држави од Европа. Јас се грижам за германските волонтери и мило ми е поради тоа. Се работи за исклучителна група спасувачи, чија што работа е спасување на животни од поплавени подрачја-објасни тој.
Е.Г.