Ештон и Филе му честитаа на Дачиќ

Од:

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност и еврокомесарот за проширување го поздравија изборот на новата српска влада.

„Кетрин Ештон го поздравува формирањето на Владата и му честита на премиерот Ивица Дачиќ за преземањето на премиерската функција. Високата претставничка очекува дека Србија ќе продолжи со реформите и со широката агенда на европската интеграција “, изјави за Танјуг портпаролот на високата претставничка, Маја Коцијанчич.
ЕУ од Србија очекува и натамошна работа на развивањето на регионалната соработка и продолжување на процесот на помирување, што вклучува и продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, како и примена на досега постигнатите договори.

Ештон и лично телефонски му честиташе на Дачиќ, а кон честиткото во пишаното соопштение се приклучи и Филе.