Ердоган: Исламофобијата сериозна закана за Европа

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повикал европските земји да се борат против исламофобијата и да спречат ширење на антиисламските протести наместо “да и даваат поуки на Турција“.

„Исламофобијата сериозно ѝ се заканува на Европа. Ако тој проблем не се реши европските лидери ќе станат заложници на популизмот и европските вредности ќе бидат доведени во прашање“, додал турскиот претседател, утврдувајќи дека влијанието на расистичките движења таму сѐ повеќе расте.

Ердоган побарал од Брисел да ја „преиспита својата политика кон Турција“, обвинувајќи го дека ги одолговлекува преговорите за влегување на Анкара во ЕУ, кои во моментов се на мртва точка.

Ердоган кој пред изборот за претседател во 2014 единаесет години беше премиер, Западот го обвинува за авторитарно владеење и спроведување исламистичка политика.