Екстремно ниски температури во Србија, Хрватска и БиХ

Од:

Според податоците на српскиот Републички хидрометеоролошки завод утрово најстудено било во Сјеница, каде се измерени минус 27 степени, а потоа следат Лесковац со минус 25, Копаоник со минус 24 и Куршумљива со минус 23 степени.

Метеоролозите прогнозираат дека студеното време во Србија ќе се задржи до среда со температури од минус 18 до минус 10, а на планините до минус 25 степени.

Поради студениот бран денеска во Хрватска во сила е црвено предупредување на метеоалармот.

Додека претходните денови предупредувањето важеше само за крајбрежјето, денеска црвениот аларм важи и за подрачјето на Славонија.

Во Славонски Брод утрово измерени се минус 19,9 степени Целзиусови, а во Осиек минус 18.

Во Загреб температурата се слушти до минус 8,2 степени, во Сплит минус 4,5. а во Дубровник минус шест степени.

И во поголемиот дел на Босна и Херцеговина утрово имаше поларни температури, а најстудено беше во Сокоц со минус 28 степени.

За екстремно ниска температура се смета минималната температура во ниските предели од минус 20 до минус 16, а на повисоките места под минус 20 степени.