Двајца осомничени турски терористи уапсени во грчкиот град Патра

Од:

Двајца осомничени турски терористи беа уапсени во грчкиот град Патра, пишува електронското издание на грчкиот весник „Етнос“.

Против нив има издадено меѓународна наредба за апсење по обвиненија за учество во вооружена терористичка организација, убиство, фалсификувања.

Еден од уапсените побарал политичко прибежиште во Грција. При проверката грчките власти утврдиле оти постои меѓународната наредба за апсење против него.

Откако мажот бил уапсен, бил посетен од двајца сонародници. Против еден од посетителите се утврдило дека исто така има наредба за апсење против него и тој бил приведен.