Договорено формирање на новата влада на Црна Гора: Познат новиот мандатар

Од:

Лидерот на Нова српска демократија Андрија Мандиќ изјави дека парламентарното мнозинство се согласило за формирање на новата влада на Црна Гора од август 2020 година.

Тој најави дека до полноќ Ѓукановиќ ќе биде известен дека Лекиќ е мандатар. Тој истакна дека „ако нешто не е јасно“, тие се подготвени да му објаснат на Ѓукановиќ.

Идната влада, додаде, ќе се формира според системот на паритет. Едната половина ќе ја сочинуваат ГП УРА, ЦИВИС, СНП и евентуално претставници на националните малцинства, а другата половина ќе бидат ДФ, демократи.

„Не верувам дека ние како влада ќе функционираме во рамките на два поделени блока, туку дека овие односи многу брзо ќе се променат и дека ќе функционираме тимски, но златниот глас ќе го има премиерот Миодраг Лекиќ, изјави Мандиќ.