Директорот на српската лотарија поднесе оставка, вработените на полиграф

Од:

Директорот на Државната лотарија на Србија Александар Вуловиќ поднесе оставка поради морални причини, по инцидентот кој се случи на извлекувањето на лотото во вторникот, кога целата јавност се посомнева во местењето на “среќните бројки“.

Во вторникот при извлекувањето, на екраните беше напишан бројот 21 иако беше извлечен бројот 27, но само неколку секунди подоцна беше извлечен и бројот 21.
Јавното обвинителство во Белград издаде налог полицијата да ги прибере сите потребни информации поради утврдување на фактите и евентуална кривична одговорност.

Државната лотарија на Србија издаде соопштение во кое се тврди дека инцидентот настанал како последица на техничка грешка. Сепак, петмина вработени на државната лотарија биле подвргнати на полиграфско испитување од страна на полицијата, а одземени се и лото топчињата врз кои ќе се врши вештачење.