Денес се одбележува 30-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор за Босна и Херцеговина. Договорот за прв пат беше парафиран во Дејтон на 21 ноември 1995 година, а на овој ден беше потпишан во Париз, во Елисејската палата, со што заврши три и полгодишната војна во Босна и Херцеговина.
Договорот е именуван како Дејтонски договор по градот Дејтон во округот Монтгомери, Охајо, каде што се одржаа тринеделни преговори во воздухопловната база Рајт-Патерсон, кои завршија на 21 ноември 1995 година, со што заврши три и полгодишната војна во Босна и Херцеговина што започна во април 1992 година.
На војната ѝ претходеше распадот на заедничката држава Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), имено неуставното прегласување на Србите во органите на Босна и Херцеговина и одлуката за меѓународно признавање на Босна и Херцеговина без претходна согласност од сите три конститутивни народи.
За време на преговорите што траеја од 1 до 21 ноември 1995 година, беше договорено Босна и Херцеговина да се состои од два ентитета – Федерацијата на Босна и Херцеговина, која беше определена да покрива 51 процент од површината, и Република Српска, на која ѝ беа доделени 49 проценти од вкупната површина на Босна и Херцеговина. Територијалниот опсег на Република Српска подоцна беше намален со формирањето на округот Брчко.
