Дарвин: Основач на теоријата за еволуцијата

Од:

Бука – Сараево

Роден е како петто дете во богато англиско семејство. Неговиот прадедо од мајчина страна бил успешен трговец со порцеланска и грнчарска стока.

Со својата роднина Ема Ведвуд Дарвин се оженил во 1839 година, а нешто подоцна се преселил на мал имот Down House надвор од Лондон. Таму со сопругата имале четири деца, од кои три умреле.

По завршувањето на своето школување во елитно училиште во родниот Shrewsbury во 1825 година младиот Дарвин се запишал на медицина на универзитетот во Единбург. Во 1827 година бил исфрлен од студиите по медицина и се запишал на универзитетот Кембриџ за да стане свештеник на Англиската црква. Таму го сретнал геологот Адам Сеџвик и натуралистот Џон Хенслов. Хенслов не само што му помагал на Дарвин да ја зголеми самодовербата, туку својот ученик го подучувал како да биде внимателен и совесен набљудувач на природните феномени и собирач на примероци.

Научно патување по светот

По завршувањето на студиите на Кембриџ во 1831 година во својата 22 година Дарвин главно на предлог на Хенс отпатувал на бродот ХМС Бигл и се придружил на екипа натуралисти на научно патување по светот. Дарвин на тоа патување добил можност да ги набљудува геолошките формации кои се најдени на различни континенти и острови како и голем број на фосили и организми. Во своите геолошки опсервации Дарвин бил нај импресиониран од ефектот кој го имале природните сили на земјината површина.

Во тоа време геолозите застапувале теорија дека некои видови од животинско и растително потекло настанувале независно едни од други и дека секоја креација која повеќе не постоела била уништена во ненадејна катастрофа, како што на пример се земјотресите или свивањето на земјината површина. Според тој став, видовите, креирани независно едни од други, не биле во можност да мутираат што ги правело непроменливи за сите времиња.

Катастрофичната теза (но не и немутацијата на видовите) ја изменил англискиот геолог сер Чарлс Лајел кој тврдел дека земјината површина поминува низ постојани промени што е резултат на делувањето на природните сили во тек на долг временски период.

Додека бил на бродот ХСМ Бигл Дарвин заклучил дека многу запазувања на Лајел одговараат на тоа што го воочил и самиот. Иако исто така забележал дека некои наоди на кои наишол се косат со дел од ставовите кои ги застапувал Лајел. Така на пример, забележал дека на архипелагот Галапагос постои единствен вид на желки, американски дрозд и зеба кои наспроти тоа што биле блиску поврзани, биле со различна градба и прехранбени навики од остров до остров. Тие запазувања го натерале Дарвин да постави прашање дали е можно да постојат врски меѓу различни но и слични видови.

Теорија на еволуцијата по пат на природна селекција

Откако во 1836 година се вратил во Англија своите идеи за променливост на видовите ги објавил во делото Notebooks on the Transmutation of Species (Белешки за трансмутација на видовите). Својот став за развојот на организмите Дарвин уште повеќе го зацврстил откако ја прочитал книгата An Essay on the Principle of Population (Есеј за принципите на популацијата) од 1798 година, дело на британскиот економист Томас Роберт Матус. Во тој дел Матус објаснува дека човечката популација останала урамнотежена, имено авторот тврдел дека зголемувањето на изворите на храна не е со геометриски раст во однос на бројот на жителите. Како клучни фактори ги навел сиромаштијата и болестите како и општествените настани како војните.

Дарвин веднаш аргументите на Малус ги применил на животните и растенијата и во 1838 година подготвил нацрт теорија на еволуцијата по пат на природна селекција.

Наредните 20 години работел на оваа теорија и на уште некои природно-историски проекти, а бидејќи бил многу богат никогаш немал потреба за дополнителни приходи. Дарвин својата теорија за прв пат ја објавил во 1858 година во весници, истовремено кога тоа го направил и Алфред Расел Волас, млад натуралист кој независно од Дарвин дошол до ист заклучок.

Теоријата на Дарвин во целост е објавена во 1859 година под името On the Origin of Species (За потеклото на видовите). Дарвин на книгата За потеклото на видовите работел цели 22 години, а во време кога излегла била наречена книга која го шокираше светот. Продадена е во целост во истиот ден по излегувањето од печатницата, а биле печатени уште шест изданија на ова дело.

Реакцијата на книгата на Дарвин била многу брза. Некои биолози го оспорувале Дарвин дека не може да ги докаже своите хипотези. Други ја критикувале Дарвиновата концепција за развој на различни видови од еден вид. Меѓутоа, најжестоките напади на Дарвиновата теорија не доаѓале од научниците туку од страна на црковните претставници. Тие му оспорувале дека теоријата за природната селекција го негира влијанието на Бога на создавањето на човекот и го става човекот на исто ниво со животните.

Остатокот од животот Дарвин го поминал проширувајќи ги различните аспекти за проблемот кој го поставил во своето дело. Поради тоа подоцна објавил уште неколку книги во кои се обидувал да ги образложи тие проблеми.

Важноста на неговиот труд ја препознале неговите современици па Дарвин бил избран во Кралското друштво (Royal Society) во 1839 година и во Франција во академијата на науките во 1878 година. Му била оддадена почест и место на погреб во опатијата Вестминстер, откако на 19 април во 1882 година починал во местото Довн, во грофовијата Кент.