Дачиќ – новиот премиер на Србија?

Од:

Иако се уште не е потврдено, но неофицијални информации тврдат дека Дачиќ ја прифатил понудата да биде идниот премиер на Србија, а српските медиуми во денешните изданија веќе објавуваат за расплетот на ситуацијата.

Весникот „Политика“ пишува дека претседателот на СПС, Ивица Дачиќ, одлучил да формира нова влада со СНС, а ДС да биде опозиција.

„По поразот на претседателските избори, Демократската партија, која беше на ‘рбетот на двете претходни српски влади, дефинитивно оди во опозиција. Иако договорот е практично постигнат, се чека „амин“ за коалицирањето од главниот одбор на СПС” пишува „весникот „Политика” во днешното издание.

Пред само неколку дена лидерот на СНС, Александар Вучиќ изјави дека доколку Дачиќ прифати да биде премиер, владиниот кабинет ќе се формира за неколку часа.

Српски „Дневник“ наведува дека Дачиќ ќе биде премиер и министер за внатрешни работи во новата влада.

ДС пред само неколку часа побара од социјалистите да се изјаснат што е пречката за формирање на влада и дали се уште важи договорот за коалиција од 8.мај.

Одговорот, очигледно бил не.