Црногорскиот премиер нападнат во парламентот

Од:

Во црногорскиот парламент во петокот се случи тежок инцидент кога пратениците од опозицискиот сојуз Демократски фронт (ДФ) го нападнаа премиерот Мило Ѓукановиќ обидувајќи се физички да се пресметаат со него.

Премиерот Мило Ѓукановиќ се подготвувал да објави во парламентот реконструкција на владата според претходниот договор отстапувајќи ѝ на оној дел од опозицијата која овозможи со своето гласање останува на неговата влада, местото вицепремиер и четири министерства.

Кога Ѓукановиќ почнал да зборува од местата на кои седат парламентарците на Демократскиот форум започнало скандирањето „Мило гангстер“, а тој возвраќал „Браво кретени“. Претседателот на парламентот, Ранко Кривокапиќ, во тој момент ја прекинал седницата на парламентот по што дошло до големо кошкање, пцуење и навреди на сметка на премиерот, а некои од пратениците на ДФ тргнале кон Ѓукановиќ во намера со него физички да се пресметаат.

Во меѓувреме парламентарната служба за безбедност и пратениците на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) на Ѓукановиќ ја смириле ситуацијата и ја спречиле физичката пресметка, а седницата траеше до доцна вечерта.

„Претседателството на ДПС најостро го осуди однесувањето на ДФ во парламентот со кое сакаа да ја понижат Црна Гора пред прославата на десетгодишнината од независноста. ДПС нема да се врати во парламентот додека не се презема мерки таквото однесување да биде казнето“, изјави Душко Мароковиќ, заменик претседател на партијата и вицепремиер на владата.

Марковиќ во изјавата за медиумите наведе дека овој е најтешкиот инцидент во историјата на црногорскиот парламентаризам.

„Пратениците на ДФ од парламентот може да бидат отстранети само со сила, а доколку некој се обиде тоа да го стори, тие ќе ги повикаат граѓаните кои ги поддржуваат да влезат во собранието“, порача еден од челниците на овој сојуз, Андрија Мандиќ. Додаде дека пратеничката група на ДФ донело одлука „доколку некој се дрзне да ги отстрани пратениците на ДФ од парламентот, тоа ќе може да го строи единствено на насилен пат“.

Државното обвинителство, како што изјави главниот обвинител, Ивица Станковиќ, ќе спроведе постапка поради утврдување дали во однесувањето во парламентот имало кривични или прекршочни елементи.