Ципрас во Берлин најави дека Грција очекува силен економски раст

Од:

 Грчкиот премиер Алексис Ципрас на својата домаќинка, германска канцеларката Ангела Меркел денеска и порача дека неговата земја е подготвена за силен економски раст за време на денешната средба, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Ципрас во Берлин се пофали дека Грција спроведува реформи договорени со меѓународните гредитори меѓу кои е и Германија иако токму владата на Меркел побара ревизија на грчките мерки со кои за нова година на пензионерите ќе им се дадат пари надвор од договорот со кредиторите.

Пред средбата со Меркел, Ципрас на медиумите во Берлин дека ќе ја информира канцеларката за спектакуларните постигнувања на неговата влада во областа на прибирање даноци и за позитивниот развој на грчката економија.

„Проекциите за грчката економија за идната година се есктремно позитивни. Очекуваме раст од 2,7 отсто во 2017 и 3,1 проценти во 2018“ изјави Ципрас кој од јавноста бара економскиот раст да не се гледа само од статистиката и од бројките.

Во два финансиски пакети од страна на меѓународни институции и држави Грција во последниве пет години прими речиси 350 милијарди евра во замена за ригидни реформи и намалување на трошоците на државата, платите и пензиите.

Односите меѓу Грција и Германија драматично се влошија во 2012 година кога Меркел во Атина беше пречекана со слики во која таа е претставена како нацист, а потоа Германија ги отфрли барањата за воени репарации во вредност од над 70 милијарди евра за воени злосторства во текот на втората светска војна.

По заминувањето на министерот за финансии во првата влада на Ципрас, Варуфакис односите меѓу двете земји одат во нагорна линија а конечно стабилизирање се очекува по спроведување на договорот меѓу министрите за надворешни работи Штајнмаер и Коѕиас кои минатата недела потпишаа план за соработка и подобрување на односите.

За канцеларката Меркел спорното прашање за 13 пензија во Грција е прашање за кое треба да решаваат Европската Комисија, Европската Централна Банка и Меѓународниот монетарен фонд заедно со премиерот Ципрас.

Претходно денеска германското Министерство за финансии најави дека извештајот на трите институции е критичен кон одлуката на грчката влада. Членките на Еврозоната во средата донесоа одлука да биде блокиран договорот со Грција се додека не се утврди дали Ципрас работел спротивно на договорт со кредиторите.