Борисов: Наскоро ќе се сретнам со Груевски

Од:

Доцна вчера разговарав со премиерот Груевски, и има добар напредок во преговорите за спогодбата за добрососедски односи, изјави попладнево во Софија бугарскиот премиер Бојко Борисов, после средбата со својот хрватски колега Зоран Милановиќ, јави „Новините“.

Борисов порача дека набргу ќе се сретне со Груевски за да разговараат за прашањата од заеднички интерес.

Во пресрет на 1 јули, кога Хрватска ќе стане најновата членка на ЕУ, Борисов ги повтори уверувањата за посветеноста на Бугарија членки на ЕУ да станат сите земји од Западен Балкан, а посебно Македонија и Бугарија.

Таканаречената спогодба за добрососедски односи беше предложена од Бугарија на крајот на минатата година, откако источната сосетка се приклучи на Грција во блокадата на доделувањето датум за преговори на Македонија.

Бугарската влада има забелешки за положбата на етничките Бугари во Македонија и за постојаниот конфликт околу културното и историското наследство. Официјална Софија ја обвинува Македонија за создавање националистичка атмосфера и присвојување на историското наследство на соседните земји.