Борисов ќе поднесе оставка

Од:

Притиснат од протестите во Софија и другите поголеми градови, економската и политичката криза, Бојко Борисов не ја исклучи можноста за оставка и нови избори.

За мене и за ГЕРБ е подобро веднаш да си поднесеме оставка. Доколку граѓаните не се смират, и разберат дека правиме се што е во наша моќ, за нас е подобро да спроведеме избори колку е можно побрзо – изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Веќе десетина дена илјадници граѓани протестираат против високите сметки за струја во Бугарија. Апетитите на граѓаните не ги задоволија оставиките на министерот за финансии, туку бараат и од премиерот.

Редовните избори во Бугарија се закажани за четири месеци, но трпението на Борисов е при крај и може да закаже предвремени избори.