Бериша: Федерализацијата на Македонија, можност за решавање на меѓуетничката криза

Од:

Федерализацијата на Македонија е единствена можност за решавање на меѓуетничката криза, оценува поранешниот претседател и премиер на Албанија, Сали Бериша кој и понатаму е духовен лидер на десницата во Албанија, во една негова анализа за состојбите во Македонија, пренесува Макфакс.

Бериша како што пренесува весникот „Газета 55“ нагласува дека за да има еден стабилен мир во Македонија, потребно е да има една гарантирана висока регионална автономија од типот на меѓуетничките западни држави како што е федерацијата или пак конфедерацијата.

„Во 1992 година бев примен како претседател кај поранешниот француски претседател Франсоа Митеран и разговаравме за распадот на Југословенската федерација. Јасно стана збор и за Македонија“, нагласува Бериша и додава дека на оваа средба ја изнел и оценката за состојбата на Албанците во Македонија, но и потребата од широка автономија односно федерализација, пренесува весникот на албанската опозиција „Газета 55“ кој ги објавува во целост ставовите на Бериша за Македонија.