Белград добил малку подобра понуда за договор со Приштина

Од:

Денешната шеста и последна рунда од дијалогот Белград-Приштина, со посредништво на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон, навлезе во шестиот час, и според достапните информации за Танјуг, се „игра“ во форматот на билатерални средби.

Ештон прво се сретна со делегацијата на Приштина, потоа со претставниците на Белград, па потоа следеше втор круг консултации со Белград, па повторно со Приштина, и овој состанок, според дипломатски извори, се уште трае.

Во моментов не се знае што се случува зад затворените врати од канцеларијата на Кетрин Ештон, јавува Танјуг.

Според извори блиски на српската делегација, на маса се наоѓа малку подобрена понуда од онаа што Белград ја доби во претходната, петта рунда од дијалогот, што веќе ја одби како неприфатлива.

Белград инсистира на одредени решенија за надлежноста на српските општини во областа на правосудството и полицијата и на тоа дека на северот од Косово нема да бидат присутни косовските безбедносни сили.

Дипломатскиот извор наведува дека преговорите се тешки и дека е тешко да се процени исходот од денешните преговори.