(ВИДЕО) Автомобил излета во Дунав, од шест патници, тројца спасени меѓу кои и синот на Оља Беќковиќ

Од:

Три лица ги загубиле животите, а три се извлечени од реката Дунав, во Белград, кога денеска, рано наутро, автомобил, марка „БМВ 325“ излетал и паднал во реката, во близина на ресторан кај Ада Хуја.

Спасувачките тимови ги извлекле телата на една девојка и едно момче, додека еден од настраданите, според неофицијални информации, во моментот на несреќата бил во багажникот на автомобилот.

Лицата кои се извлечени од реката, две момчиња и една девојка, на возраст од 18 до 20 години, меѓу нив и возачот на автомобилот, биле со знаци на хипотермија, а еден имал скршеница на левата надлактица.

Деветнаесетгодишниот возач на „бмв-то“, е одведен на сослушување, а дежурен обвинител му одредил притвор во траење од 48 часа.

Меѓу тројцата кои се спасени е и 20 годишниот син на новинарката Оља Беќковиќ кој имал хипотермија и скршеница на левата надлактица.

Тој е префрлен во Ургентниот центар и се очекува кога ќе биде во подобра состојба да и раскаже на полицијата како се случила несреќата.

Според неофицијалните информации на српските медиуми, автомобилот се движел со голема брзина, кога паднал во Дунав и завршил на длабочина од пет метри.

Возачот, кој бил и сопственик на автомобилот, немал возачка дозвола, и најверојатно бил под дејство на алкохол, а извршени биле и тестови за присуство на наркотици.