Албанските медиуми објавија нова информација за убиството на полицаецот Никола Крсмановиќ во Лозница, тврдејќи дека тој бил застрелан од затворскиот бегалец Фатон Хајризи.
Според нивните изјави, Фајтон Хајризи го користел пасошот на сопствениот брат Артан, издаден од косовските власти, за да се обиде да избега.
Лицето кое пукаше во правец на српската полиција е Фатон Хајризи. По бегството од затвор ги искористил документите на својот брат за да избега од Косово. Се сомнева дека целиот инцидент започнал откако Фатон Хајризи одбил да биде идентификуван пред српската полиција предизвикала прво вербален, а потоа и физички конфликт.
За потсетување, Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека на лице место е пронајден пасош издаден од косовските власти на име на Артан Хајризи.
„Најверојатно поради тоа што е пронајден пасош на име на Артан дека прво се верувало дека тој е убиецот. Истрагата се уште е во тек и се чека официјално соопштение кој од браќата всушност пукал во полицајците“, пишуваат албанските медиуми.