Албанската полиција заплени половина милион стебла марихуана

Од:

Албанските власти соопштија дека конфискувале половина милион стебла канабис од почетокот на годината и уапсиле 240 лица осомничени за одгледување и трговија со марихуана.

Портпаролот на албанското Министерство за внатрешни работи Арди Бита изјави дека борбата против производство на дрога е „главен приоритет“ за полицијата.

– Досега е запленета и уништена марихуана во вредност од седум милијарди евра, истакна министерот за внатрешни работи Саимир Тахири.

Албанскиот премиер Еди Рама истакна дека приоритет на Владата, избрана во 2013 година, е борбата против дрогата.