Албанската полиција одлучна во обидот да го стави селото Лазарат под своја контрола

Од:

За првпат по 10 години албанската полиција уништи над 10 тони марихуана и десетици илјади растенија канабис во албанското село Лазарат, која денеска, трет ден по ред врши опсада.

Околу 800 полицајци се уште се распоредени околу селото што се наоѓа на околу 240 км. јужно од Тирана.

Спорадични истрели се слушаа во текот на целата ноќ во селото.

Според полицијата, во селото се произведуваат 900 тони канабис годишно вредно околу 4,5 милијарди евра или речиси една третина од БДП на државата.

Од неколку куќи и во текот на денот пукаат врз полицијата.

Во почетокот на акцијата, од селото во насока кон полицијата беше пукано со противтенковски проектили. Албански медиуми јавуваат дека голем дел од жителите на Лазарат сами го изгореле канабисот за да ги уништат доказите против нив, а потоа го напуштиле селото во утринските часови. Селото Лазарат во кое живеат 2,200 жители со години беше голем пазар на трудот за илјади сезонски работници кои доаѓаа од различни страни на државата за да работат на полињата со канабис.