Албанија на прагот да стане земја-кандидатка

Од:

Се очекува во претстојниот извештај Европската комисија да предложи Албанија да добие статус на земја-кандидат за членство во Унијата – пишува албанскиот печат.

Во прогрес-репортот во делот на политичките критериуми се најавува позитивна оценка за парламентарните избори, политичката ситуација во земјата, изгласувањето на некои важни закони и финализирање на други ангажмани, кои се бараа за добивање статус земја-кандидат.

Во извештајот ќе се наведе дека изборната процедура одбележала значителен напредок во споредба со претходни практики и на тој начин е исполнет основниот приоритет за одржување слободни избори и за подобрување на работата на Парламентот – информираат албанските медиуми.