Албанија ја спасува визната либерализација со заострување на контролите на граница

Од:

Албанската гранична полиција ги заостри контролите при излез од земјата на албанските граѓани со цел да го запре бранот на баратели на азил во Европската унија.

Граничната полиција добила 14 препораки за утврдување кој од граѓаните не ги исполнува условите за влез и престој во Шенген зоната.

При контролата треба да се утврди точната адреса каде граѓанинот ќе биде сместен во земјата каде патува, поканата на лицето кое го очекува, повратниот билет, како и финансиската покриеност за периодот на престој.

Се зголемуваат и контролите врз туристичките агенции, за кои постои сомнеж дека вршат организирани патувања на азиланти.

Според европскиот институт за статистика – Евростат, во последните три години, односно периодот 2014-2016 година, во некоја од земјите на ЕУ влегле над 118 илјади нелегални мигранти од Албанија.