Зеленски: Путин никогаш нема да се откаже од обидот да ја окупира Украина

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин никогаш нема да се откаже од својата намера да ја окупира цела Украина и оцени дека тој би можел да го стори тоа доколку Украина не е доволно силна и не добие безбедносни гаранции.

„Путин сака да ја окупира цела Украина. Тој ќе го направи тоа ако ние не сме силни, ако светот остане настрана и ако немаме безбедносни гаранции“, рече Зеленски во интервју за канадскиот јавен сервис CBS.

Зеленски изјави дека е подготвен за директни преговори со Путин доколку тие можат да придонесат за постигнување мир, иако рускиот претседател го нарече „непријател“.

„Подготвен сум да седнам со него на преговарачка маса. Не затоа што сакам, туку поради резултатот што би можел да нè приближи до мирот“, рече украинскиот претседател.

Тој оцени дека поразот на Русија на бојното поле би бил тежок и скап поради големите човечки загуби.

„Да се ​​победи Русија е тешко, бидејќи за време на офанзивата луѓето ги губат животите. Секогаш се работи за смрт. Тоа е цената, а во 21-от век е страшно да се зборува за толку висока цена“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски и врачи орден за придонес во културата на поранешна манекенка на „Плејбој“

А1он

ВИДЕО: Зеленски е подготвен на средба со Путин

Катерина Ѓуровски

Ердоган разговараше со Зеленски: Турција е подготвена да стори сè што е во нејзина моќ за мир

А1он

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина се без електрична енергија по нападот

А1он

Лавров: Ако Зеленски сака да се сретне со Путин, ќе мора да дојде во Москва

А1он

Зеленски: Во Турција ќе се одржат важни преговори за ставање крај на војната со Русија

А1он