Францускиот актер Жерар Депардје (76) на неговото денешно судење призна дека ја зграпчил за колковите колешката која го обвини за сексуален напад, но негираше дека станува збор за напад, велејќи дека сите непримерни коментари што и ги дал се резултат на неговото лошо расположение.
Амели К, која го тужи Депардје, рече дека актерот ја допирал по целото тело против нејзина волја, додека ја држел и правел непримерни сексуални коментари, за време на снимањето на филм во 2021 година, пренесува BFMTV.
„Ме зграпчи и ме допре по предниот дел од телото, на грбот, наоколу. Ме фати за нозе. Допре сè, вклучително и моите гради. Бев преплашена, тој се смееше“, изјави Амели К.
Францускиот актер сведочеше дека му било кажано дека има „руски темперамент“ поради пиењето.
– Секогаш ми велеа дека имам руски темперамент, не знам дали тоа е поради пиење или вулгарност… Не ги допирам женските задници – рече тој, пренесува „Скај њуз“.
Наводните напади се случиле во 2021 година, во приватна вила во 16-тиот арондисман на Париз, на сетот на филмот на Жан Бекер „Зелени ролетни“.
Помеѓу снимањето, актерот наводно сексуално ги нападнал сценографката Амели (54) и асистентот на режија Сара (34).
Доколку биде прогласен за виновен, на Депардје му се заканува казна затвор до пет години и парична казна од 75.000 евра, соопшти јавното обвинителство во Париз.